
Победивме во Брвеница, победивме во Србија, во Унгарија, победивме во Бугарија, и во Бразил победивме, Израел е наш. Дубаи го владееме. И во Америка ќе победиме ако треба.Вака би звучеле славните најави на Влатко Ѓорчев за изборите ако се кажани од Венко Филипче, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“
Се сеќавате што се кажаа од Вреди за ДУИ, биле вакви такви,криминалци. Сега пу пу не важи. Во Брвеница како попчиња си гласаа за кандидатот на Ахмети. Етничкото им било поважно од коалициското. Браво, вие сте пример за демократски вредности. Лидерите на Влен, Билал Касами и Изет Меџити јавно го поддржаа кандидатот на ДУИ. Што знам, не се сеќавам дека ваков став имаа кога бараа од ВМРО гласови во Чаир и Тѐтово. Aма и ДУИ не се ништо поарни. Еве Ахмети вели дека Македонија е татковина на Албанците и оти тие се господари овде. Пред некое време велеше дека Албанија е татковина на сите Албанци, исто како и Косово. Лесно му е него со три татковини, што да правиме ние со една. За да докаже кој е газда во татковината ДУИ организираше чартери со Албанци да гласаат во Брвеница. Полни авиони за празна Брвеница.
Завршија и едни од најважните регионални избори во Србија. По 14 години Александар Вучиќ си заминува од власт откако беше убедливо поразен од т.н студентска листа во која имаше најмалку студенти. Значи не загуби од партија, туку од безимена листа и ова е феномен кој ќе се изучува во политичките книги. Србија веројатно е единствената држава во светот каде што Шарената револуција им се случува по вторпат во историјата. Првииот пат во 2000-та година кога го рушеа Слободан Милошевиќ. Тогаш се викаше Отпор а сега е Шарена или Обоена револуција. Налогодавците одлично ги таргетираа оние кои требаше да се кренат против Вучиќ и СНС, а тоа се студентите кои не биле ни родени кога се случувале војните во 90-титите години,или пак кога беше НАТО бомбардирањето. Косово пак ништо не им значи. Ваквите млади се одличен терен за манипулација дека се борат против некаков систем, односно режим. Отрезнувањето брзо ќе им дојде, сетете како беше кај нас со Шарената револуција. И таа почна како студентски протест кој набрзо беше преземен од Заев и компанија. Па ете како заврши. Значи се е исто. И во Србија најдоа некој Заев кој ќе им се извинува на соседите. Сетете како велеше нобеловецот од Муртино-ако сите соседи имаат проблеми со Македонија веротјано е кај нас проблемот. Не е тешко да се претпостави што ќе биде првиот чекор на новата власт-а тоа се санкции за Русија .Тоа ќе биде продадено под превезот на усогласување со надворешната полтика на ЕУ. По принципот на морковот и стапот Во Брисел ќе им отворат едно поглавје колку да се порадуваат. Голема работа. Отрезнувањето ќе дојде набрзо, кога радијаторите ќе бидат ладни од руската зима и завртувањето на славините во Москва. Додека се свестат веќе ќе преговараат за признавање на независноста на Косово и отиде возот. Барем ние знаеме како оди тоа.

Од овие избори поука треба да извлече и Вучиќ. И тој претера со секојдевното појавување на телевизииите под негова контрола и оној негов израз на лицето како сите бродови да му потонале. Младите денеска не гледаат телевизија. Додека Вучиќ ги имаше Информер, Пинк Минк,студентите го имаа ова. Во денешно време кој владее со социјалните мрежи владее и со изборите. Вучиќ тоа касно го сфати.
Во целава ситуација со изборите најсмешни се оние од СДСМ. Се радуваат и ликуваат на победата на опозицицјата во Србија не баре тие победиле. Кутрите , се надеваат дека на бранот на протести и незадоволство во соседството и тие ќе се вратат на власт. Тие во Брвеница не можат во втор круг да влезат ќе се враќале на власт….На Филипче треба да му биде јасно дека нивниот пандан во Србија а тоа е партијата на тајкунот Џилас не влезе во Парламентот, како што не влегоа ни социјал демократите во Унгарија. Еве Венко победи во Бугарија, таму се барем негови луѓе. Ако не Дубаи му е сигурен фикс, таму се може да се плати со кеш, односно со многу кеш. А тоа барем за Венко и Зоки не е проблем.

Портапаролката на СДСМ Богданка Кузевска, која е поранешен независен новинар имаше прес за медиумите кои не се под нивна контрола.Ги спомна Латас, Ивона, Курир, Алфа.., како што е редот. А ние кај сме, Богданке зошто ја заборави Република. Разочарани сме. Се чуствуваме навредени. Кај се оние славни пресови во кои ме таргетиравте мене лично и уредништвото на Република. Нели сме биле ВМРО-Орбан медиум, вакви такви. Да не сакаш да се смириме. Или може ќе дојдеш да не ослободиш.

Македонски




