Skip to main content

Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе се обединат на сцената на Македонската филхармонија

Некои концертни средби се издвојуваат по својата програма, други по уметниците што ги обединуваат. Овој концерт ги носи двете!

На 19 ноември, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе се обединат на сцената на Македонската филхармонија, во заеднички настап под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

Два оркестри, еден голем музички состав и една заедничка уметничка визија.

Оваа вечер му припаѓа на оркестарскиот звук во сиот негов раскош – на музичката енергија, виртуозноста и уметничката посветеност на музичарите, кои преку заедничката интерпретација создаваат единствена звучна целина.

Публиката ја очекува програма што обединува различни музички епохи и естетики – од возвишената звучност на Ралф Вон Вилијамс, преку ритмичката енергија на Освалдо Голијов и македонското композиторско творештво на Стојан Стојков, до темпераментната и виртуозна музика на Бизе–Шчедрин.

🎼 НА ПРОГРАМАТА:

• Ралф Вон Вилијамс – Фантазија на тема од Томас Талис

• Освалдо Голихов – Последна рунда

• Стојан Стојков – Суита за гудачки оркестар

• Бизе – Шчедрин – Кармен свита

Ова е можност да се доживее силата на заедничкото музицирање и богатството на оркестарскиот звук во изведба на два ансамбли обединети на една сцена.

Поврзани вести