
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, вчера поднесе оставка – информира Социјалистичката партија (СПМ) на својот фејсбук-профил. На негово место, како што наведува, е назначен Јовица Андовски, досегашен заменик-министер за здравство од СПМ.
Партијата им се заблагодари на двајцата за досегашниот ангажман.
Благодарност до другарот Оливер Миланов за неговото успешно раководење со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија во интерес на сите граѓани, како и за достојното претставување на СПМ на чело на оваа исклучително значајна институција. Неговиот вложен труд и несебичен ангажман, високо оценети во СПМ и во јавноста, претставуваат негов личен залог за идно извршување одговорни и високи должности во ресорот на извршно ниво. Честитки и за другарот Јовица Андовски, доскорешниот заменик-министер за здравство, за неговото именување за директор на АХВ на РМ. Со својата одговорност, сериозност и посветеност кон Социјалистичката партија на Македонија, Јовица Андовски претставува пример за приврзан и чесен партиски член, чие знаење, професионалност, трудољубивост и стекната доверба во него се препознаени од партиското и државното раководство – пишува во објавата на СПМ.
Миланов ја презеде функцијата директор на АХВ на 4 јули 2024 година од неговиот претходник Николче Бабовски.

Македонски




