
Вчера во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(27) од Скопје.
Како што соопшти МВР, тој про најпрвин во автобус физички нападнал неколку патници како и возачот на кого се обидел да му го одземе и мобилниот телефон, по што излегол надвор од автобусот и оштетил патничко возило, а откако пристигнала полицијата физички нападнал полициски службеници.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Македонски




