Skip to main content

Пренџов со порака до ДУИ и Ахмети: Ретроградни политичари како вас нема да бидат власт ниту дел од власт

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на Алфа телевизија упати остра порака до ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, оценувајќи дека изборниот резултат во Брвеница нема да ја промени нивната политичка позиција.

Според него, ДУИ останува нереформирана партија, предводена од политичари кои ја претставуваат старата и ретроградна политика, поради што нема да бидат дел од идната власт.Пренџов нагласи дека, без оглед на изборниот исход во Брвеница, Владата нема да ја заборави општината и ќе ги реализира сите проекти и ветувања дадени пред граѓаните.

Независно од тоа што кандидатот поддржан од Али Ахмети победи, иако очигледно не знае што да прави со Брвеница, Владата ќе продолжи да работи за општината и сè што е ветено ќе биде реализирано“, истакна Пренџов.Тој посочи дека Али Ахмети, по повеќе од две децении активно учество во политиката, не може да се пофали со суштински реформи во клучните сектори од државата. Како примери ги наведе финансиите и земјоделството, оценувајќи дека во овие области нема видливи реформи што донеле конкретни придобивки за граѓаните.„Али Ахмети е симбол на сè што е лошо во Република Македонија.

Веќе 24 години е во политиката, а јавноста сè уште не може да посочи ниту една значајна реформа во финансиите или земјоделството што произлегла од неговото политичко дејствување“, рече Пренџов.

Дополнително, тој упати критики и за имотната состојба на лидерот на ДУИ, поставувајќи прашања за потеклото на неговиот имот и имотот во Зајас, за кој смета дека треба да биде предмет на институционална проверка.

Пренџов порача дека победата во Брвеница нема да ја промени политичката реалност на државно ниво и дека Али Ахмети, ДУИ, Бујар Османи и останатите политичари кои ги смета за дел од нереформираната политика нема да добијат можност повторно да учествуваат во извршната власт.Со ова, Пренџов испрати јасна политичка порака дека ВМРО-ДПМНЕ не ја гледа ДУИ како иден коалициски партнер, независно од изборните резултати на локално ниво.

    Поврзани вести