Skip to main content

Во Австрија делеле слатки за Ноќта на вештерките со мали шајки во нив

tom-from-pixabay

Полицијата во австрискиот град Линц соопшти дека непознати лица ставиле шајки во слатки што им биле делени на деца за време на Ноќта на вештерките. Поради тоа, издадено е предупредување да не се консумираат никакви слатки што децата ги собрале за време на овој празник.

Полициското предупредување со коешто се повикуват луѓето да не ги јадат слатките што децата ги собрале додека ги посетувале домовите и становите во населбата Линц-Ед, е издадено откако 28-годишен човек пронашол шајки во чоколади и гуми за џвакање што неговите деца ги собрале за Ноќта на вештерките, објави весникот „Дер стандард“ (Der Standard).

Од полицијата наведоа дека шајките пронајдени во слатките биле долги приближно еден сантиметар, а некои од нив не биле видливи однадвор.  

Поврзани вести