Skip to main content

Кафуле во Перу почна да служи кафе со ликот на Лав XIV во чест на папата

Кафуле во главниот град на Перу, Лима почна да служи кафе со ликот на папата Лав XIV кој на 11 ноември доаѓа во земјата. Кафулето „Јн Кофи“ од минатиот месец нуди капучино, лате и еспресо со ликот на папата подготвено со какао врз млечната пена, увезено од Амазонија.

На гостите им се нудат две верзии- насмеан папа и папа во молитва. Шанкерката Аријана Малма најпрво го лади какаото, а потоа со него го црта ликот на папата врз млечната пена.

Среќна сум што ова допре до толку многу луѓе. И тоа не само затоа што доаѓа папата, туку и затоа што специјалното кафе во Перу е многу малку препознатливо. Мислам дека ова е добра можност да се допре до луѓето ширум светот“, вели Малма.

Според сопственикот на кафулето, Карлос Риско, ова е добра промоција на перуанското кафе и неговиот квалитет.

Знаеме дека папата пие од нашето кафе и дека му се восхитува. Во Перу имаме кафе со висок квалитет, но целта ни е да добиеме уште една можност за промоција“, вели Риско.

Поврзани вести