Skip to main content

На пензионерите кои земаат пензија на шалтер многу брзо ќе им биде овозможено тоа со отворање на филијала на Алта банка АД Битола, вели Славески

Ако Народната банка на Србија реагираше побргу, итуацијата би била поинаква, рече гувернерот на Народната банка Трајко Славески во вечерното издание на „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

Според податоците кои нашите луѓе од банката од вчера, во претходната недела од 26.10, по изборите Србија, вкупни одливи кон клиенти од Србија се 180 илјади евра, пари, редовни плаќања. Тоа се некои мали бизниси од земјава кои извршиле плаќања, во земјата се влезени од Србија само 16 илјади евра, транскации со редовно работење, никакви милиони, трансфери, перење. Да се престане со тие шпекулации, дециден беше Славески.

Тој се осврна и на пензионерите кои земаат пензија во Алта банка АД Битола.

Прашањето за пензионерите оди вака, бевме загрижени уште од петокот пензиите се префрлени, 11.500 пензии од Алта банка, 1500 немаат картици, банката пред одземање на дозволата, предвреме ги исплатила пензиите пред да добие средства фондот, вели Славески кој објасни дека оние кои немаат картички, односно работат само со транскациските сметки и кои може да ги подигнат средствата само физички на шалтер најскоро ќе биде овозможување да се стори тоа со тоа што ќе се отвори филијала на Алта банка АД Битола.

Поврзани вести