Skip to main content

Хакерски упад во системот за поднесување извештаи на американската изборна комисија

Хакерски напад бил извршен врз интернет-страницата на американската Федерална изборна комисија (ФЕК), поради што бил нарушен пристапот до електронскиот систем за поднесување извештаи, една недела пред изборите на 3 ноември.

ФЕК соопшти дека електронскиот систем за поднесување извештаи моментално не е во функција и дека нејзиниот ИТ-тим активно работи на обновување на услугата.

Комисијата што ги следи трошоците на кандидатите и политичките одбори, наведе дека корисниците и натаму можат да пребаруваат на интернет-страницата и да ги прегледуваат претходно поднесените извештаи.

Според известувањето за статусот на системот објавено од ФЕК, системот не бил во функција од понеделникот околу 22 часот по источноамериканско време, односно од вторникот во 4 часот наутро по средноевропско време.

Во вторникот околу 20 часот по источноамериканско време, односно во средата во 2 часот наутро по средноевропско време, беше објавено ново известување дека „проблемот е идентификуван и се работи на негово решавање“.

На страницата на ФЕК и натаму стоеше известувањето дека системот за поднесување извештаи не работи.

ФЕК не учествува во спроведувањето на американските избори, па прекинот на работата на системот не би требало да влијае врз можноста на гласачите да гласаат на изборите за Конгресот, на кои ќе се одлучува дали републиканците на претседателот Доналд Трамп ќе го задржат мнозинството следните две години.

Сепак, со прекинот им е оневозможено на организациите да поднесуваат 24 или 48-часовни редовни извештаи за тоа колку политичките групи и другите учесници трошат во изборната трки.

Поврзани вести