
Американскиот тенисер Бен Шелтон игра во врвна форма поради девојката Тринити Родман. Таа е најплатената фудбалерка родена на 20 мај 2002 година, таа пораснала во Јужна Калифорнија со својот постар брат. Нејзиниот татко, Денис Родман, е легенда во НБА, додека нејзината мајка, Мишел Мојер, одиграла клучна улога во воспитувањето на нивните две деца. Тринити го избрала фудбалот и многу брзо се истакнала како една од најталентираните млади фудбалерки во Соединетите Американски Држави.

На почетокот на годината, Тринити станала најплатената фудбалерка во светот откако потпишала тригодишен договор со Вашингтон Спирит. Ќерката на поранешната НБА ѕвезда Денис Родман остана без клуб откако нејзиниот претходен договор со „Спирит“ истече на 31 декември 2025 година.
Новиот договор вреди дури шест милиони долари, или два милиони годишно, со дополнителни бонуси, а делот со „Вашингтон Спирит“ ќе биде до 2028 година. Досега, најплатена фудбалерка беше Аитана Бонмати, играч од средниот ред на Барселона и шпанската репрезентација, која три пати ја освои „Златната топка“.

Македонски

