Skip to main content

Лина стартуваше со победа во Турција

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ја мина првата пречка на ИТФ W50 Истанбул турнирот со победата над третата носителка и домашна тенисерка Берфу Ченгиз од Турција. Taa постигна победа од 2:1 во сетови (3:6, 7:6(1), 6:4) за 2 часа и 2 минути игра.

На стартот од мечот Ѓорческа беше во негатива и го загуби првиот сет со 6:3 во гемови откако ривалката имаше водство во сетот и со 5:1. Во вториот сет двете тенисерки имаа по два брејка, но Ѓорческа не и дозволи на противничката шанса да го освои сетот и тајбрејкот го доби на убедлив начина со 7:1 на поени.

Во решавачкиот сет, македонската тенисерка направи нов пресврт. Ченгиз поведе со 3:0 во гемови, но брзо беше изедначен резултатот на 3:3, а по 4:4 во гемови Ѓорческа ги освои сите осум поени до крајот на мечот (не загуби ниту еден) и направи брејк во деветтиот гем и сетот го доби со 6:4.

Ова беше втора победа за македонската тенисерка во третиот меѓусебен меч.

Во следното коло македонската тенисерка ќе игра против Ралука Шербан од Кипар, која денеска победи против Екатерина Тупицина со 2-0 во сетови (63 64). Ова ќе биде нивни осми меѓусебен меч, а скорот е 4:3 во победи за Ѓорческа.

Турнирот во Истанбул се игра за награден фонд од 40.000 американски долари.

Поврзани вести