Skip to main content

Ѓорческа денеска ги почнува квалификациите за УС Опен

 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. 

Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171. место на ВТА ранг-листата.

Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105. место (5 август 2024 година).

Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот. 

Поврзани вести