
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, во недостаток на свежина на неговите фудбалери ја гледа причината за синоќешниот пораз (1:2) од Реал 2:1 во 10. коло од Шпанското фудбалско првенство.
– Незадоволни сме. Разочарани сме. Првото полувреме беше лошо, но се подобривме во второто. Ни недостасуваше свежина. Ова е наш прв пораз во Ла Лига. Победивме девет натпревари по ред, а потоа се случи ова. Поразите се дел од овој спорт. Мора да анализираме и да се подобриме, и ќе го сториме тоа. Важно е да реагираме. Би рекол дека е очигледно: игравме против многу квалитетен противник кој беше многу добар без топката. Последните неколку недели од натпреварот со Бетис… не беа лесни. Треба да се одмориме и да одговориме на поразот. И ќе го сториме тоа. Сè уште има долг пат, и овие работи се случуваат. Ова треба да нè натера да размислиме и да се подобриме. Не мислам дека овој пораз ќе создаде какви било сомнежи во тимот. Сите ја знаат ситуацијата. Денес не игравме најдобро, но во големите натпревари, деталите го одлучуваат исходот. Играчите ќе имаат два дена одмор по утрешниот тренинг. Сакам сите да бидат свежи и да донесат правилни одлуки во врска со исхраната, спиењето и закрепнувањето. Остануваат уште три натпревари до паузата. Сакам да победам во секој натпревар и ќе се бориме за секој

Македонски

