
Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром со пораз од Сутјеска ги почна настапите во регионалната АБА 2 лига.
„Сино-белите“ од Аеродром попладнево во Никшиќ загубија со 85:75.
Ноа Фарахан со 18 поени и Димитрије Николиќ со 17 поени беа најефикасни во македонскиот тим.
Следен натпревар МЗТ Скопје ќе има во вторник со АЕК Ларнака од ФИБА Европа купот во „Јане Сандански“, а два дена подоцна (четврток) и гостување кај Струмица во домашната Суперлига.

Македонски

