Skip to main content

На што спадна Санчо, му нудат плата 25 пати помала од таа во Јунајтед

Шпанскиот фудбалски клуб Хетафе официјално му понуди на поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, договор до крајот на сезоната, објави „Телеграф“.

Според британскиот медиум, Хетафе е подготвен да му плати на поранешниот крилен напаѓач на Манчестер jунајтед нешто повеќе од 10.000 фунти неделно. Неговата плата во англискиот клуб беше 250.000 фунти неделно. Играчот сака да се сретне со главниот тренер Хозе Бордалас пред да донесе одлука.

Дваесет и шестгодишниот Англичанец го напушти Манчестер јунајтед минатото лето откако му истече договорот и е слободен агент. Тој ја помина сезоната 2025/26 на позајмица во Астон вила, постигнувајќи еден гол и три асистенции на 39 натпревари.

Поврзани вести