Skip to main content

Двајца тетовци лишени од слобода, осомничени за неколку кражби

Двајца млади тетовци се лишени од слобода под сомнение дека извршиле неколку кражби во Тетово во изминатите две недели, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 23 октомври, во 11 и во 13 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш. (21) и А.Ц. (19), двајцата од Тетово.

Тие се сомничат за сторено кривично дело кражба, предвидено во член 236 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани вести