
Екипите на Пари Сен-Жермен и на Ливерпул го задржаа максималниот ефект по своите трети натпревари во фудбалската Лига на шампиони.
ПСЖ синоќа ја победи Барселона со 4:2 дома во третото коло од елитната лига.
Дезире Дуе постигна гол за домаќините во првото полувреме, а исто така имаше и асистенција. Лукас Ернандез, Витиња и Фабијан Руиз постигнаа голови во второто полувреме. Чави Еспарта и Ламин Јамал постигнаа голови за гостите.
Во следниот натпревар од Лигата на шампионите, ПСЖ ќе игра со Виљареал, додека Барселона ќе се соочи со Астон вила.
Ливерпул го победи Виљареал со 4:3 на „Енфилд“. Гостите водеа со 2:0 по 29 минути игра, но Ливерпула до крајот направи целосен резултатски пресврт.
На другите натпревари одиграни вчеравечер:
Фенербахче – Славија 2:2
Сабах – Борусија Дортмунд 1:2
Рома – Слован 4:0
Манчестер сити – АЕК 5:1
Наполи – Бодо 4:3
Порто – ПСВ 0:1
Штутгарт – Атлетико Мадрид 1:1

Македонски

