Skip to main content

ФМУ одбележува 60 годишен јубилеј со концерт посветен на Катедата за популарни жанрови

По повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност – Скопје, организира концерт посветен на Катедрата за популарни жанрови, кој се реализира во рамките на концертната серија под мотото: „Една сцена, шест децении музика“ на 19 октомври од 19,30 часот во барот „Филхармонија“ во Скопје.

На концертната сцена ќе се обединат професори, алумни и дипломирани студенти на Факултетот, кои преку заеднички настап ќе ја претстават креативноста, енергијата и музичката разновидност на популарните жанрови, славејќи шест децении посветеност на музичката уметност и нејзиното уметничко наследство.

На сцената на Бар „Филхармонија“ ќе настапат Џијан Емин, Гоце Стевковски, Андријана Јаневска, Теа Трајковска, Тамара Тодевска, Лидија Кочовска, Маја Капсарова и многу други, во прослава на шест децении музичка уметност, креативност и инспирација.

Концертот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам на Р.Македонија, а под ценето покровителство на претседателката на Р.Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска – Давкова.

Поврзани вести