Skip to main content

Отворено првото советувалиште за перименопауза во Скопје

ХЕРА

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА го отвори првото советувалиште за перименопауза во Скопје кое се наоѓа на улицата „Елисие Поповски Марко“ бр: 2, во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Советувалиштетот денеска официјално се отвора во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно.

Советувалиштето ќе работи еднаш неделно, се планира да биде тоа во деновите среда, од 15 до 18 часот. Жените ќе може да дојдат директно во советувалиштето, или пак да се јават на телефонските броеви на асоцијацијата ХЕРА и да закажат консултација со доктор.

Жените добиваат конкретна поддршка од ХЕРА со отворањето на советувалиштето за перименопауза. Сметаме дека ова е значаен чекор во унапредувањето на пристапот до грижа и до информации за сексуалното и репродуктивното здравје на жените и се потенцира важноста на на перименопаузата во нашата држава. Конкретно жените додека добиваат стручна поддршка на едно место од обучени лица коишто ќе им ги дадат сите потребни информации и услуги за овој особен период од животот на жената за којшто досега не се работело многу, а сметаме дека имаат жените потреба од соодветна грижа и услуги во во овој период, вели д-р Велимир Савески, претседател на ХЕРА.

Според него, со отворањето на ова советувалиште се зголемува пристапот до услуги на жените во нашата држава.

Хормонските промени што се настапуваат во годините пред, за време и по менопаузата имаат значаителен ризик за хронични заболувања како што се кардиоваскуларните заболувања и остеопорозата. Овие хронични заболувања можат значајно да влијаат на животот и функционирањето на самата жена, особено знаејќи го фактот дека животниот век сега продолжува и околу една третина од животот жената го поминува во оваа перименопауза. Оттука истовремено се зголемува и потребата од добра медицинска грижа и услуги кај овие пациентки, изјави д-р Савески.

фото: ХЕРА / Прим. д-р Искра Дукова, гинеколог и истакнува д-р Велимир Савески, претседател на ХЕРА

Според гинеколот прим. д-р Искра Дукова отворањето на ова советувалиште е еден значаен чекор во една заедничка заложба за обезбедување на подобри услови за медицинска нега на пациентките коишто се во перименопауза, менопауза и постменопауза со добивањето на еден стручен пристап и индивидуален пристап за решавање на нивните симптоми и проблеми.”

Оттука ова советувалиште ќе обезбеди директна комуникација со гинеколог каде што ќе може жената да ги каже своите симптоми, каде што ќе може да добие проверени и современи информации, каде што ќе може да се направи една заедничка одлука за решавање на соодветните проблеми и насоки за подобро здравје. Јас како гинеколог лично сметам дека пациентките ќе можат да добијат еден исклучително важен начин на којшто ќе можат да бидат сослушани, каде што ќе можат да бидат сериозно разгледани нивните проблеми, нивните симптоми и каде што заедно ќе можеме да одлучиме како понатаму да се справат со тие симптоми, вели д-р Дукова, додавајќи дека е време менопаузата, перименопаузата и постменопаузата да не биде премолчена, време е жените да побараат помош, да можат да се обратат за своите симптоми, да бидат информирани за тие свои симптоми, да можат да добијат стручна проценка за работите што им се случуваат и да можат подобро заеднички со одредени насоки да ги решиме тие проблеми и да имаат подобро здравје.”

Менопаузата не е нешто што треба да се премолчи, треба жените да знаат дека има различни начини на коишто тие можат да се справат со своите симптоми.

Тие можат да бидат и хормонски и нехормонски, можат да бидат одредени совети за здрави животни навики, можат да бидат и совети за психолошка поддршка како и когнитивно-бихејвиорална терапија. Отворањето на ова советувалиште ќе овозможи секоја една жена да знае дека не треба да молчи, не треба периодот само да помине, дека треба да се грижи за своето здравје и дека има стручни лица коишто ќе помогнат во тоа преку добрата информација и добрата насока, додаде прим. д-р Дукова.

​Редовните смени за советување започнуваат на 21 октомври 2026 година, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно.

За информации и закажување термин, заинтересираните можат да се јават на 070 227 386 или да го користат онлајн-системот за закажување преглед.

Поврзани вести