Skip to main content

Влажни коловози на државните патишта, се препорачува внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите се влажни, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата.

Посебна претпазливост се препорачува при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на патните делници Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести