Skip to main content

Доколку сакате деца, денеска е денот да кажете молитва: Го славиме Покровот на Пресвета Богородица

Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го слават празникот Покровот на Пресвета Богородица.

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати.

Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род.

Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.