Skip to main content
Учество на 20. Форум на лидери на европското културно наследство

Честоева: За Управата, учеството на Форумот претставува можност за поврзување со европски институции што се соочуваат со слични предизвици

Во периодот 7-9 октомври 2026 година во Загреб се одржа 20. издание на Форумот на лидери на европското културно наследство (European Heritage Heads Forum), во организација на Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска. Ова е прво учество на РС Македонија на Форумот, а македонската делегација беше претставена од директорката на Управата за заштита на културното наследство г-ѓа Весела Честоева и м-р Данче Ристовска- Костадинова, советник за билатерална и мултилатерална соработка во УЗКН.

Форумот е професионална и стручна мрежа на раководители на национални институции за заштита на културното наследство од земјите на Европската унија, Европскиот економски простор и земјите-членки на Советот на Европа. Ги обединува раководителите на европските државни институции надлежни за заштита на културно наследство, со цел споделување знаења и идеи и унапредување на пристапите кон заштитата на културното наследство во 21. век. Тема на овогодинешното издание беше „Отпорноста на културното наследство пред современите предизвици“. Во овој контекст, УЗКН го претстави своето искуство во примената на современи алатки за евидентирање и управување со културното наследство преку Софтверот за водење на заштитните евиденции, како пример за успешно адресиран предизвик.

За Управата, учеството на Форумот претставува можност за поврзување со европски институции што се соочуваат со слични предизвици, за јакнење на институционалниот капацитет преку споделување експертиза и практични алатки, како и за подобра координација и размена на информации меѓу институциите и експертите. Во рамките на престојот во Загреб, делегацијата ги следеше актуелните пристапи и решенија во заштитата на културното наследство од другите земји-членки.

Поврзани вести