Skip to main content

Честоева: Жално е што Комисијата за култура на СДС покажува елементарно непознавање на Законот за заштита на културното наследство и на институционалните надлежности во системот на заштита

Во врска со соопштението на Комисијата за култура на СДС, во кое со име и презиме сум посочена јас, како директор на Управата за заштита на културното наследство, како и институцијата што ја предводам, чувствувам обврска јавно и недвосмислено да одговорам, вели во својот демант директорката на УЗКН Весела Честоева.

Жално е што една партиска Комисија за култура покажува елементарно непознавање на Законот за заштита на културното наследство и на институционалните надлежности во системот на заштита.

За Даут Пашин Амам, како заштитено недвижно културно наследство на територијата на Скопје, законската рамка јасно ги утврдува надлежностите на конзерваторскиот центар и Управата. Надлежниот конзерваторски центар ја следи состојбата на заштитеното добро, врши стручни увиди и предлага мерки, додека Управата постапува во рамките на своите законски овластувања и по соодветна стручна и законска процедура.

Оттука, обидот целокупната состојба со Даут Пашин Амам да се претстави како резултат на мое наводно лично „блокирање“ е не само политички тенденциозен, туку и фактички неодржлив.

Од моментот кога ја презедов функцијата директор на Управата во 2024 година, во повеќе наврати, преку инспекциски надзор, до надлежната установа беа упатени укажувања за преземање итни мерки за заштита на објектот и изработка на конкретен предлог за мерки.

Резултатот е следен

Во јули 2026 година надлежната установа го изработи предлогот, и истиот месец Управата донесе Решение со кое Даут Пашин Амам е прогласен за културно наследство во опасност со конкретни итни мерки на заштита.

Тоа се факти.

Тоа се документи.

Тоа е институционална работа.

Затоа, доколку некој тврди дека јас лично сум го блокирала Даут Пашин Амам, го повикувам тоа јавно да го докаже,

со кој конкретен предмет;

со кој документ;

со која постапка;

со која одлука;

во кој рок наводно сум постапувала спротивно на закон.

Доколку немаат такви докази, тогаш станува збор за неодговорно и тенденциозно политичко обвинување насочено кон моето лично име и кон институцијата што ја предводам.

А за таквите обвинувања постои и правна одговорност. Не исклучувам преземање соодветни правни дејствија за заштита на мојата чест, углед и интегритет.

Не дозволувам институционалната работа на Управата, ниту моето лично име, да бидат злоупотребувани за дневнополитички пресметки.

Културното наследство не е партиски плен.

Културното наследство не е алатка за политички памфлети.

За заштитата на културното наследство се одговара со документи, стручни наоди и факти – а не со партиски соопштенија.

И кога веќе СДС се обидува да ја политизира темата, редно е да поставиме и неколку многу едноставни прашања:

Седум години бевте на власт – од 2017 до 2024 година. Што направивте?

Каде е реализацијата на најавуваната реконструкција на Даут Пашин Амам од 2017 година?

Што се случи со договорот за јавна набавка на заштитната мрежа која требало да биде поставена во внатрешноста на Амамот? Каде е мрежата и каде се резултатите од најавените активности?

Дали во тие седум години ги слушнавте барањата и апелите на вработените во Националната галерија, кои секојдневно работат во заштитеното добро и со години предупредуваат на опасноста од одрони и оштетувања?

И конечно:

Што направивте за Кале?

Што направивте за Плаошник?

Што направивте за Трескавец?

Имавте седум години власт, институции, буџети и одговорност.

Затоа, пред да покажувате со прст кон други, прво покажете ги документите за сопственото седумгодишно неработење .

Јас немам намера да се кријам зад политички флоскули. За секое конкретно прашање ќе следи конкретен одговор, поткрепен со документација.

Бидејќи времето на политичките памфлети помина.

Сега зборуваат фактите.

А фактите остануваат запишани во институционалната документација.

Поврзани вести

edirne prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetpusulabetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmeritkingmeritkingholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobet