Skip to main content

„Приказна што се носи“ – ревија на уникатни чанти и ранци од музејски банери во Археолошкиот музеј

Националниот археолошки музеј, во соработка со ДСУРЦ „Партенија Зографски“ и „Прекроено МК“, кани на „Приказна што се носи“ –настан кој ги поврзува инклузијата, одржливоста, креативноста и модата.

Од стари музејски банери создадени се уникатни ташни, ранци и несесери, кои ќе бидат претставени преку посебна ревија на 5 октомври во 18 часот. Настанот носи порака дека секој материјал може да добие нов живот, а секој човек можност да создава и придонесува.

Настанот е дел од активностите по повод Европските денови на културното наследство 2026, под темата „Наследство во ризик – Оживеј – Заштити – Преосмисли“.

Поврзани вести