Skip to main content
Промоција на капиталниот проект на АД ЕСМ

Николоски: Со оваа инвестиција се зајакнува хидропотенцијалот на државата и се создава поквалитетен електроенергетски систем

Фејсбук профил на Александар Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска присуствуваше на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“.

Овој проект ќе овозможи модернизација на значаен дел од производните капацитети и зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори. Особено значајно е што со оваа инвестиција се зајакнува хидропотенцијалот на државата и се создава посигурен и поквалитетен електроенергетски систем, смета Николоски.

Според него, со ваквите проекти чекор по чекор се приближуваме кон нашата цел поголема енергетска независност и производство што ќе ги задоволува домашните потреби.

Нека ни се множат ваквите проекти што носат долгорочна стабилност и развој, додаде вицепремиерот.

Поврзани вести