
Утрово во 05:20 часот на кружен тек помеѓу улица ,,Благоја Тоска“ со улица ,,Борис Кидрич“ во Тетово, полициски
службеници го лишија од слобода Д.Н. (66) од Тетово.
Тој управувал патничко моторно возило „цитроен“ со тетовски регистерски таблици, со 2,92 промили алкохол во крвта и учествувал во сообраќајна несреќа. Возилото е одземено и по документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија од СВР Тетово.

Македонски

