Skip to main content

Лазаров: Големо искуство за нас, треба да сме задоволни  и да научиме доста лекции

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, по поразот од Франција (32-25), изјави дека настапот на Мундијат е едно големо искуство и дека треба да сме задоволни. 

Ова е едно големо искуство за младите играчи, носејќи се со вакви ѕвезди кои секоја година освојуваат по повеќе титули, а ние доаѓаме од една мала Македонија, од македонска Суперлига. Мора да сме задоволни, со една мала горчина дека можевме повеќе. Но, знаете, треба да верувате во тие работи, а ние не верувавме“, истакна Лазаров по мечот.

Македонија ја заврши главната фаза на четвртото место и ќе се пласира од 13. до 16. позиција на шампионатот.  

Поврзани вести