
Кенијката Агнес Нгетич го собори светскиот рекорд во полумаратон. Достигнувањето e поставено на Светското првенство во друмско трчање во Копенхаген.
Нгетич ги помина 21,1 км за 1 час, 5 минути и 15 секунди, соборувајќи го рекордот на нејзината сонародничка Перез Јепчирчир (1:05,16), кој беше од 17 октомври 2020 година.
Ова не е прв пат 25-годишната атлетичарка да испише историја: во јануари 2024 година, во Валенсија, таа стана првата жена што истрчала мешана трка од 10 км под 29 минути на друм или патека (28:46). И во април 2025 година, таа постави светски рекорд на 10 км за жени (29:27). зс/

Македонски


