
Рускиот падобранец Сергеј Бојцов постави светски рекорд на небото над Алтајската територија во Русија. Станува збор за скок од балон на топол воздух од висина од 11.551 метар.

Ваквиот потег е вистински подвиг – температура од минус 59 степени, речиси 12 километри празнина под нозете, две и пол минути слободен пад пред вас, брзина поголема од 500 км/ч.

За таков чекор, не е доволно да се биде врвен спортист. Потребни се железни нерви, апсолутна концентрација и верба во себе.
Со својот скок, Сергеј не само што постави нов рекорд, туку го надмина претходниот светски рекорд за речиси километар и половина.

Падобранот се отворил на надморска височина од 1.565 метри, а по 7 минути и 19 секунди од скокањето, тој веќе застана на алтајска почва.

Македонски










