Skip to main content

Македонско архитектонско студио го претстави својот урбанистички концепт за развој на Бенгази во Либија

Архитектонското студио „Superblock Studio“ од Скопје учествуваше на меѓународна урбанистичка иницијатива во Бенгази, Либија, организирана од Фондот за развој и реконструкција на Либија (FDRL), каде што беа претставени визии и концепти за идниот урбан развој на градот.

Како што соопштија од студиото, на настанот учествувале повеќе меѓународно афирмирани архитектонски и урбанистички практики, а македонскиот тим го презентирал својот урбанистички предлог за идниот развој на Бенгази кој добил одличен прием кај комисијата.

Позитивното мислење кај присутната заедница отвори можности за многу идни соработки помеѓу нашата држава и Либија, оценуваат од „Superblock Studio“.

Во рамки на програмата, професорот Иван Мирковски, главен архитект во „Superblock Studio“, одржал предавање на тема „Од урбана обнова до градот на иднината: повторно осмислување на Бенгази“, посветено на современите пристапи во урбаното планирање, обновата на градските средини и одржливиот развој.

Покрај презентациите и стручните дискусии, во рамки на Б2Б програмата биле одржани средби со претставници на институции, универзитети, урбанистички организации и градежни компании од Либија и од регионот.

Од студиото оценуваат дека учеството на ваков меѓународен настан претставува можност за промоција на македонската архитектонска и урбанистичка практика и за воспоставување нови професионални контакти и потенцијални соработки на меѓународно ниво. 

Поврзани вести

giyimJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositextrabetbahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibompusulabetcratosroyalbetholiganbetholiganbetholiganbetJojobetJojobetstarzbetcasibombahsegel giriş