
Македонскиот тенисер Андреј Темов на доминантен начин го заврши настапот на турнирот Скопје Опен 2026 за тенисери и тенисерки до 14 години што се играше оваа недела на терените на ТК Југ. Турнирот беше од категорија 3.
Темов до триумфот во поединечна конкуренција стигна без загубен сет, а единствено во полуфиналето одигра еден сет во тајбрејк. Тој во финалето го победи Златан Јорданов од Бугарија со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0). Во полуфиналето го победи Британецот Марк Фулвуд со 2:0 (7:6(7) и 6:0), а во четвртфиналето го надигра Кан Карочкај од Унгарија без загубен гем 2:0 (6:0 6:0). Во првото коло беше слободен, а во второто го совлада Виктор Дамјанов од Германија 2:0 (6:1 и 6:1), а Новак Тешиќ од Србија го победи со 2:0 (6:2 и 6:1).
Во конкуренција на двојки Темов заедно со Џејмс Бартон од Австралија победија во конкуренција на двојки откако во финалето ги победија Никола Лакетиќ и Новак Тешиќ од Србија со 2:0 (6:3 и 6:1). Ова е втор триумф на оваа двојка, откако претходната недела победија на турнирот во Куманово.
Кај девојчињата во конкуренција на двојки победија Јулијана Димитрова (Бугарија) и Маја Мунтеану (Романија), кои со 2:0 во сетови (6:1 и 6:4) ги победија Ведрана Танеска од Македонија и Сара Крале (Германија). Во полуфинале во конкуренција на двојки од македонските тенисерки настапија Деа Крстевска со Нина Акдоган и Миа Николовска со Габриела Мендоза.
Во женска конкуренција победи Маја Мунтеану.

Македонски


