Skip to main content

Рамката за трговскиот договор со САД е договорена, Македонија има најдобри услови во регионот

Рамката за трговскиот договор меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави е дефинирана, условите се договорени, а останува уште формалното потпишување, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА од Вашингтон.

Според него, договорот треба формално да биде потпишан меѓу македонското Министерство за надворешни работи и американскиот трговски претставник, односно Владата на САД.

– Ние рамката ја дефиниравме. Условите се поставени, останува уште формално потпишување меѓу нашето МНР и нивниот трговски претставник и нивната Влада. Рамката е договорена, условите веќе функционираат – истакна Мицкоски.

Премиерот оцени дека Македонија успеала да обезбеди најповолни услови во споредба со другите држави од регионот.

– Ние имаме навистина најдобри услови во регионот – нагласи тој.

Мицкоски во интервјуто посочи дека економската соработка и потенцијалните американски инвестиции биле меѓу главните теми за време на неговата работна посета на Вашингтон.

Според него, Соединетите Американски Држави во Македонија гледаат близок пријател и партнер, а нивната поддршка не се однесува само на соработката во рамките на НАТО, туку и на економијата, трговијата и можностите за идни инвестиции.

Формализирањето на трговската рамка треба да отвори дополнителен простор за продлабочување на економските односи и за поголемо присуство на американски компании и капитал во Македонија, произлегува од изјавите на премиерот во интервјуто за МИА.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositnesinecasinobahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibompusulabetcratosroyalbetholiganbetholiganbetholiganbetJojobetJojobetstarzbet