Skip to main content

Филип Фиданоски со изложба во Сплит

Што се случува кога Пикасо ќе излезе од рамката и ќе стане керамичка скулптура? Одговорот го нуди македонскиот визуелен уметник и керамичар Филип Фиданоски, чија изложба „Пикасо, можеби јас 2 +“ утревечер ќе биде отворена во Македонското културно друштво „Македонија“ во Сплит. Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, како дел од манифестацијата „Македонска традиција и обичаи“, организирана по повод 35 години независност на Македонија.

Фиданоски во Сплит претставува избор од скулптурите од првата поставка на проектот, која во 2024 година беше прикажана во Музејот на Град Скопје, заедно со нови дела создадени во меѓувреме. Во центарот на проектот е авторскиот дијалог со делата на Пабло Пикасо. Наместо директно да ги копира неговите препознатливи форми, Фиданоски ги користи како почетна точка за сопствено уметничко читање.

Жена во сино

Дводимензионалните мотиви така се претвораат во тродимензионални објекти, скулптури што може да се гледаат од различни агли и да се доживеат како физички присутни форми. Меѓу делата се скулптури инспирирани од Пикасовите „Фигура“, „Жена во црвена фотелја (Метаморфоза)“, „Глава на жена“, „Оперска дива крај пијано“ и „Жена со сини очи“.

„Во овој циклус, дводимензионалните мотиви добиваат материјална и физичка присутност: се ослободуваат од рамката, стануваат објекти што можат да се набљудуваат од различни агли и добиваат нова функција, контекст и наративност“, пишува проф. д-р Кирил Пенушиски во текстот за каталогот. Преку овие трансформации, Фиданоски ги истражува односите меѓу формата, бојата и идентитетот, но и темите поврзани со телото и присуството на женскиот лик во историјата на уметноста.

Филип Фиданоски е роден во 1977 година во Скопје и повеќе од три децении работи во областа на визуелната уметност и керамиката. Дипломирал и магистрирал керамика на Националната ликовна академија во Софија, во класата на проф. Красимир Џидров.

Во своето творештво ги поврзува скулптурата, сликарството и дизајнот, со особен интерес за трансформацијата, меморијата и можностите на материјалот. Има реализирано повеќе од 35 самостојни изложби во земјата и странство, а учествувал и на бројни групни и жирирани изложби. Изложбата во Сплит ја организираат Заедницата на Македонците во Хрватска и Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит. Се одржува под покровителство на Советот за националните малцинства на Република Хрватска и Град Сплит.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Girişcasibom