Skip to main content

Во САД обвинети пет руски агенти за наводно планирање убиства и напади

Freepik

Министерството за правда на САД ги објави обвиненија против пет лица, наводни руски агенти кои се во бегство. Тие се обвинети за нарачување атентати и финансирање напади во САД и во Европа.

Во соопштението се наведува дека групата, што била активна најмалку две години, се обидела летово да убие „истакнат руски дисидент“ во САД. Но, Министерството не го открива идентитетот на дисидентот.

Членови наводно работеле како дел од глобална мрежа на атентатори што се проширила во САД, обидувајќи се да регрутираат американски и странски државјани за извршување атентати во име на Кремљ, изјави помошникот државен обвинител за национална безбедност Џон Ајзенберг.

Американското Министерство за правда наведува дека тројцата главни осомничени се 61-годишниот поранешен полковник во руското разузнавање Јуриј Храмејев, неговиот син Кирил, 27-годишен офицер на ФСБ и 35-годишниот Кубанец, Оемис Ромагоза Дурудти, „влијателен член на кубанската дијаспора во Русија.

Другите двајца обвинети се 35-годишен Кубанец, Џаидел Делгадо Суарез, и 22-годишниот Венецуелец, Анхел Едуардо Кастро, кои првенствено дејствувале во САД како регрутери.

Министерството за правда наведе дека обвинетите планирале напади и врз инфраструктурата во Литванија и Чешка. 

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetfanatikbetstarzbet