
Селекторот на бразилската репрезентација Карло Анчелоти потврди дека Нејмар ја завршил репрезентативната кариера. Зборувајќи за иднината на бразилската репрезентација селекторот Анчелоти откри дека играчот на Сантош не планира повеќе да настапува за националниот тим.
Анчелоти смета дека фудбалерот има уште квалитети да биде дел од репрезентацијата на Бразил.
„Нејмар одлучи да заврши со репрезентацијата. Тоа е негова одлука и мора да се почитува“ објасни Анчелоти.
По завршувањето на Светското првенство, Нејмар изјави дека ќе стави крај на 16 годишната кариера во репрезентацијата.
Во периодот што следува „надвор“ од репрезентацијата ќе бидат и Каземиро и Данило. Целта на Анчелоти е да формира репрезентација за СП 2030 година.
Нејмар за репрезентацијата на Бразил одигра 130 натпревари и постигна 80 голови, но без некој поголем резултат и со само еден трофеј Купот на конфедерациите во 2013 година.

Македонски


