
На градскиот плоштад во Берово, со посебна емоција, го проследивме традиционалниот книжевен фестивал „МАЛЕМАЛЕ“ – настан кој со години го збогатува културниот живот на нашиот град и ги обединува љубителите на книгата и пишаниот збор.
Овогодишното издание беше посветено на Тихомир Јанчовски – Тихо, човек кој со својата љубов, посветеност и творештво, остави неизбришлива трага во книжевниот и културниот живот.

Во знак на висока почит кон неговото дело и придонес, на Тихомир Јанчовски – Тихо, постхумно му доделивме ПРИЗНАНИЕ. Ова признание е израз на благодарност и почит кон човекот, кој со својата работа остави вредно наследство за идните генерации.
Како градоначалник, особено ми е драго што Општина Берово го поддржува фестивалот „МАЛЕМАЛЕ“ и што заеднички создаваме простор за култура, книжевност и за афирмација на луѓето кои оставиле белег во нашиот град.
Да ја чуваме книгата, да го негуваме пишаниот збор и да го продолжиме делото на оние кои со љубов ја граделе културната приказна на Берово.
,,МАЛЕМАЛЕ” продолжува – затоа што културата е наследство кое го оставаме на идните генерации.

Македонски

