Skip to main content

Босанци биле главни џепџии во Париз, децата си ги крстиле Диор и Ал Капоне

Седум члена на семејството Хамидовиќ, по потекло од Босна и Херцеговина, треба да се појават пред Кривичниот суд во Париз од 15 до 23 септември под обвинение за организирање мрежа на малолетни џепчии.

Според француските истражители, најмалку 50 малолетници, на возраст меѓу 10 и 18 години, наводно биле вклучени во мрежа што дејствувала на фреквентни локации како што се Дизниленд, париското метро и областа на аеродромот Роаси.

Истражителите тврдат дека групата заработувала до 25.000 евра дневно, додека жените, девојчињата и децата наводно биле изложени на закани и насилство доколку не краделе однапред одредени суми.

Според француските медиуми, семејството било познато и по својот раскошен начин на живот. Членовите возеле Порше, носеле скапа облека и организирале големи забави каде што се фалеле со купови пари.

Посебно внимание на истражителите привлекле и имињата што одредени членови на семејството им ги дале на децата, како што се Диор и Ал Капоне, што француските медиуми ги поврзуваат со нивната преференција кон луксузни брендови и криминална симболика.

Поврзани вести