Skip to main content

Стабилна, но тешка е состојбата на повредените кај Миладиновци, ќерката на возачот е тргната од респиратор

Телма

Стабилна е состојбата на повредените млади лица кои беа повредени во сообраќајката што се случи вчера кај Миладиновци, информираат од Ургентниот центар за Телма.

Според информациите, 17-годишната повредена девојка е тргната од респиратор и дише самостојно, а во текот на денешниот ден ќе ѝ се направи и компјутерска томографија. Таа патуваше заедно со нејзиниот татко и брат кои загинаа на лице место по директниот судир со возило „опел корса“.

Едно од тешко повредените момчиња од опелот е на механичка вентилација и има повреди на градниот кош. Неговиот сопатник 19-годишно момче е на механичка вентилација и под дејство на седативи. Дише со помош на респиратор и неговата состојба се оценува како стабилна.

Поврзани вести