
По случајот со фрлање отпад во реката Радика, Инспекторатот при Општина Дебар, заедно со надлежните институции, излегоа на терен и ги презедоа потребните мерки, при што лицето одговорно за загадувањето беше санкционирано во рекордно време, соопштија од Општина Дебар.
Станува збор за лицето кое беше снимено како растовара ѓубре и шут во Радика, а видеото беше споделено од спортското риболовно друштво „Трофта“ и сосема заслужено, доби многу негативни реакции од јавноста.
Ова не е само една санкција, туку претставува почеток на нов и поодлучен пристап. Секое лице кое ја загадува реката Радика, јавните површини или кој било друг дел од животната средина ќе се соочи со мерките и санкциите предвидени со закон.
Реката Радика и јавните површини не се места за фрлање отпад.
Заштитата на природата и одржувањето на чистотата на Дебар е одговорност на сите нас.
Општина Дебар ќе продолжи со контроли и конкретни активности за почист Дебар, поголем ред и уреден град, порачаа од Општина Дебар.

Македонски

