Skip to main content

Фатен и казнет човекот кој истураше шут на зелена површина

Откриено е и санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина, соошптија од МВР.

Денеска во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина.

По преземените мерки и активности, утврден е неговиот идентитетот, повикано е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки, велат од МВР.

Поврзани вести