Skip to main content

Од сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачјето на Велес

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата“, посочија од МВР.

Оттаму апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Поврзани вести