
– Денес го одбележуваме 8 Септември – Денот на независноста на Републиката, еден од најзначајните датуми во нашата современа историја. Независноста е историско достигнување, но пред сè е одговорност секојдневно да ја градиме и зајакнуваме државата – се вели во честитката од министерот за правда Јетон Шасивари, што ја објавуваме интегрално.
Силна држава е држава во која законот е еднаков за сите, правдата е независна, а институциите се професионални, одговорни и доверливи.
Македонија е држава на различни граѓани, но со заедничка иднина. Нашата етничка, јазична и културна различност не е слабост – таа е вредност и сила на нашата држава.
Како Министер за правда, верувам дека патот кон Европската Унија минува преку владеењето на правото, одржливите реформи, почитувањето на човековите права, еднаквоста пред законот и институциите кои обезбедуваат правда за сите, без разлика.
Европа не се гради само со декларации. Европа се гради со добри закони, силни институции и правда која функционира.
На овој значаен ден, да продолжиме заедно да градиме држава поправедна, посилна и поевропска.
Оваа земја е наша чест, наша иднина и наша љубов. Нашиот вистински избор е да ја градиме, зајакнуваме и воздигнуваме за генерациите што доаѓаат.
Среќен 8 Септември – Денот на независноста!
Независноста нè обединува. Правдата нè изедначува. Европа е нашата иднина.
Нека биде секогаш благословена наша Македонија!

Македонски



