Skip to main content

ЦУК: Пет активни пожари на отворен простор, шест ставени под контрола

Во државата до денеска до 13 часот се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се ставени под контрола, а два се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите на потегот меѓу селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, кој се проширува и на територијата на Косово, кај селото Белица во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Подгорци во Општина Струга, во населбата Бедиње во Куманово и на месноста Чавкарник над Маврово во Општина Маврово-Ростуше.

Под контрола се пожарите меѓу селата Буринец, Локов и Селци во Општина Струга, кај селото Брезница во Општина Македонски Брод, во реонот на селото Копаница во Општина Сарај, кај месноста Рамно во Општина Чучер-Сандево, како и пожарите на депониите во Кратово и Делчево.

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај селото Црвени Брегови во Општина Неготино и на улицата „Перо Наков“ во Општина Гази Баба

Поврзани вести