Skip to main content

Еспресото е можно делотворно оружје против развојот на Алцхајмерова болест

u_hd1yjly2ep-from-pixabay

Пиењето eспресо би можело да има значајно влијание врз спречувањето на Алцхајмерова болест, посочува истражување на Универзитетот на Верона, Италија.

Со години науката кафето го поврзува со здравствени опасности. Сепак, истражувања на Универзитетот покажале дека умереното консумирање кафе може да има и корисно влијание врз здравјето.

Истражувачите од Универзитетот откриле дека eспресото особено ја спречува акумулацијата на тау-протеин, којшто е поврзан со Алцхајмеровата болест. Со други зборови, тоа го прави собирањето на споменатиот протеин помалку штетно за мозочните клетки.

Овие наоди даваат увид во невропротективниот потенцијал на еспресо кафето. Овој напиток којшто често се конзумира, е извор на природни соединенија што имаат корисни својства“, вели д-р Маријапина Д’Онофрио.

За потсетување, според резултати од истражување за деменцијата спроведено во 195 земји, се предвидува дека таа болест ќе ги зафати умовите на 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година. Ова се поврува со трендовите на зачестеност на факторите на опасност – вклучувајќи дебелина, дијабетес, ниско образование и пушење.

Поврзани вести