
„Кукла жива“ новиот албум на Тамара Тодевска е составен од 10 песни и 10 визуелни приказни, кои на синоќешната промоција беа претставени пред македонската јавност.
Песните ги напишаа Тодевска и Коста Петров, Џијан Емин ги работеше аранжманите и музичката продукција.

Тодевска кажа дека долго време посакувала да соработува со Џијан Емин, кого го опиша како исклучително прецизен и посветен музичар. Албумот е снимен со живи инструменти, а песните се инспирирани од различни периоди од животот и кариерата на пејачката. Рече дека песните зборуваат за нејзините грешки, успеси и падови, но и за потребата човек да се исправи, да остане свој и да продолжи понатаму.
Музиката и текстовите се на Коста Петров и Тамара, а продукцијата е на Џијан Емин. Визуелниот дел го режира Мартин Трајановски.

По промоцијата на албумот, на 3 октомври Тамара Тодевска ќе одржи солистички концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со кој одбележува 25 години музичка кариера. На сцената ќе ја придружува оркестар предводен од Џијан Емин, а покрај новите песни ќе ги испее и хитовите од досегашната кариера. Концертот е најавен како аудиовизуелно шоу со музичари и танчари.

Македонски



