
Реал Мадрид привремено го загуби Факундо Кампацо. Кошаркарот ќе биде надвор од теренот на неодредено време поради повреда на тетивата.
Проблемите со повредените играчи на „кралскиот клуб“ се влошија со најновата на плејмејкерот.
– Кампацо ќе го пропушти натпреварот против Панатинаикос. Аргентинецот има повреда на тетивата. Временскиот рок за закрепнување сè уште не е утврден, објави шпанскиот клуб.
Реал Мадрид моментално има скор од 6-3 (победи-порази) во Евролигата. Кампацо има просек од 9,7 поени, 4,9 асистенции и 2,3 скока за 19,9 минути по натпревар во девет натпревари оваа сезона.

Македонски




