Skip to main content

22-годишник натепан од татко му и брат му

Вчера во 13:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Н.С.(50) и М.С.(20), двајцата од Велес.

Претходно, 22-годишник од Велес пријавил дека бил пресретнат од неговиот татко Н.С. и неговиот брат М.С. и во еден момент Н.С. физички го нападнал, по што без негова согласност го внел во возило, каде продолжил со физичкиот напад. Н.С. и М.С. биле задржани во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес, а по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Поврзани вести