Skip to main content

Денеска сите патишта водат во Крива Паланка, се празнува Св. Јоаким Осоговски

Крива Паланка денеска е преполна гости, туристи и добронамерници кои од утринава го посетуваат манастирот посветен на Свети Јоаким Осоговски, светецот-заштитник на градот чијшто спомен се празнува денес.

Чествувањето на празникот на Свети Јоаким Осоговски, пустиножител и чудотворец од 11 век, започна синоќа, кога во молитвено присуство на митрополитот Кумановско-Осоговски г. Григориј, митрополитот на Тулчеа г.Висарион од Романската Православна Црква и митрополитот г.Јосиф, се одржа вечерна богослужба во манастирот, а служеа и митрополитот Доростолски г.Јаков од Бугарската Православна Црква, во сослужение со отец Никола Кодели од Албанската Православна Црква и бројно свештенство од Кумановско-осоговската епархија.

Поврзани вести