Skip to main content

Чупиќ: Вардар е едно семејство кое секогаш сака повеќе од тоа што може

По шест натпревари можам да кажам дека ни недостигаше малку искуство, па и среќа. Не сум задоволен само од бројот на бодови по оваа група, но генерално се презентиравме во одлично светло, анализира тренерот на Вардар Иван Чупиќ.

Македонскиот и балканскиот ракомет го покажавме навистина добро. Ако го исклучиме мечот со Висла дома, на сите натпревари бевме конкурентни до самиот крај. Резултатски гледано, не можеме да сме задоволни. Дали беше реално да поминеме или не, нека оценат други. Вардар е едно семејство кое секогаш сака повеќе од тоа што може, па ете може да се каже дека не успеавме во нашата внатрешна цел. Тешко е да се зборува за Европската лига додека не знаеме кои се ривалите. Додека не се решат групите, не можеме да планираме. Ќе се обидеме да се презентираме во добро светло и таму, а ќе одиме чекор по чекор

Поврзани вести