
Ракометарите на македонскиот првак Вардар претрпеа нов трет пораз во групата од Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен загубија од полска екипа Висла со 26:32. Претходно „вардарци“ беа поразени од Мелсунген и Нант.
– Лошо го отворивме натпреварот, пред сè напаѓачки знаевме дека ќе ни биде тешко. Моја грешка беше што отворивме со човек повеќе и примивме неколку лесни голови без голман. Сакав да изненадам со таа игра, да ги искористиме неколкуте напади додека не се адаптираат, ама не успеавме. Испадна целосно различно од моите очекувања и тука ни побегна натпреварот. Иако во завршницата малку се вративме, на крајот Висла заслужено победи на оваа средба. Висла покажа дека денес е подобар тим, но за шест дена е нов натпревар. Никој не може да гарантира дека нема да бидеме подобри. Нема да му дозволам на тимот да се опушти и да смета дека нема за што да играме, изјави тренерот на Вардар, Иван Чупиќ на прес конференцијата.

Македонски


